Германскиот производител забрзано открива нови детали околу новиот хечбек – а денот ќе започнеме со видео од тестирањето на новата A-Class на екстремно ниски температури!
Mercedes-Benz подготвува неколку нови модели за оваа година, а еден од моделите кои со сигурност ќе го видиме е новата A-Class. Премиерата на новиот хечбек е закажана за Саемот на Автомобили во Женева во Март, но се очекува да ги видиме првите фотографии и сите детали уште во Февруари.
Со најновото видео, Mercedes-Benz го прикажува зимското тестирање на новиот хечбек – и тоа во ладната Шведска. Во моментов се одвиваат последните тест-возења, а автомобилот се тестира на температури кои достигнуват и -28 степени според Целзиус.
Наскоро ќе имаме повеќе информации, а во меѓувреме – погледнете го краткото видео.