full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Најава за 25-тата сезона на Top Gear!

BBC го објавија првото видео за најавување на најновата сезона од култното автомобилско шоу.

Во ова видео, Мет, Крис и Рори возат Ford Mustang GT350R, McLaren 570GT и Jaguar F-Type SVR. За зачинување на акцијата тука е Кен Блок кој е во потера по нив со полициско баги. За жал не е објавена датата на која ќе дебитира емисијата, но според видеото се очекува многу акција.

Погледнете како тоа изгледа и уживајте!



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.