full screen background image
Search

Во салонот на Škoda пристигна и новиот Karoq!

Новиот SUV во понудата на чешкиот производител пристигна – и новиот Karoq е веќе изложен во салонот на Skoda!


Новиот Karoq веќе буди интерес не само кај фановите на Škoda, туку и кај сите други кои ги интересираат автомобилите. Karoq е помалиот брат на големиот Kodiaq и исто како и Kodiaq, го карактеризира модерен дизајн со чисти површини и остри линии. Како и Kodiaq, Karoq може да се комбинира со турбо-бензински или турбодизел мотор, со мануелен или автоматски менувач и со погон на предните или на сите четири тркала.

Понудата на Karoq започнува со Karoq 1.0 TSI Ambition со 115 коњски сили кој чини 17.751 евро. Основниот дизел доаѓа во форма на Karoq 1.6 TDI со 115 коњски сили кој чини 20.263 евра. Доколку сакате повеќе опрема, тука е Karoq Style кој со 150-коњски бензинец чини 22.814 евра, а врв на понудата е Karoq 2.0 TDI Style со 150 коњски сили и 7-брзински автоматски DSG менувач со двојна спојка кој чини 29.822 евра.

Karoq е веќе поставен во салонот на Skoda во Скопје и можете и самите да го погледнете, а ние наскоро ќе имаме можност да го возиме и ќе ви ги пренесеме нашите впечатоци.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.