Audi Prologue го најавува супер-луксузното купе од Инголштад! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Audi Prologue го најавува супер-луксузното купе од Инголштад!

Новото лице на Audi ќе го видиме во форма на Prologue концептот кој ќе го има своето деби во Лос Анџелес.

Дизајнот на Audi во последно време добиваше критики дека моделите премногу наликуваат еден на друг. Новиот одговорен човек за дизајн на брендот – Marc Lichte – е човекот кој го замисли Prologue Concept. Според Ulrich Hackenberg – кој е на чело на Audi – Prologue е најава за новата дизајнерска насока на брендот.

Hackenberg кажа дека кога Lichte преминал во Audi во 2014, тој започнал дизајнерска офанзива. Неговата чиста филозофија и прецизното разбирање на корените на Audi му дозволило да развие дизајнерска стратегијакоја отвора нови перспективи за брендот. Според Hackenberg, новиот дизајнерски јазик кој го воведува Lichte е прогресивен и многу емотивен, а истовремено ја изразува технолошката компетентност на брендот. Prologue е првиот автомобил кој е резултат на новиот дизајнерски јазик, и треба да биде своевиден знаменосец на Audi.

Prologue е големо спортско купе кое е долго 5100 милиметри, широко 1950 милиметри и високо 1390 милиметри. Меѓуоскиното растојание изнесува 2940 милиметри, а доколку започне да се произведува негов најблизок ривал ќе биде S-Class Coupe на Mercedes-Benz. Концептот е придвижуван од 4-литарски твин-турбо V8 бензинец кој испорачува 605 коњски сили и 750 Nm вртежен момент. Забрзувањето до 100 километри на час трае 3.7 секунди, а автомобилот тежи 1980 килограми. Потрошувачката изнесува 8.6 литри на 100 километри.

Секако, моќта се пренесува кон сите четири тркала преку автоматски менувач и Quattro погон. Интересен детал е динамичното управување на сите четири тркала кое дозволува и задните тркала да ја менуваат насоката, и тоа до 5 степени.

Поврзано:  ПРЕМИЕРА: Audi A4 станува А5, претставен и нов S5



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.