full screen background image
Search

Ford се враќа во WRC во соработка со M-Sport!

По успехот на M-Sport и Sebastien Ogier во WRC, Ford објави дека ќе се врати во Светскиот Рели Шампионат!


Синиот Овал се повлече од WRC по 2012, но M-Sport продолжи да користи рели возила од Ford – па по освојувањето на титулата, Ogier изјави дека би сакал да добие фабричка поддршка од Ford за себе и M-Sport тимот.

Желбата на Ogier се оствари – Ford потврди дека ќе се врати во WRC, а името на тимот сега ќе биде M-Sport Ford World Rally Team. Шефот на M-Sport – Malcolm Wilson – изјави дека е голем оптимист за новото партнерство. „Одлично е да го видиме името на Ford повторно покрај M-Sport во WRC. Благодарни сме за зголемената поддршка од Ford Performance, и бранењето на светските титули ќе биде голема работа следната година.“ – изјави тој.

За M-Sport Ford World Rally Team ќе возат Sebastien Ogier и Elfyn Evans. Ogier е неколкукратен WRC шампион – тој ги освои титулите во 2013, 2014, 2015, 2016 и 2017. Титулите од 2012 до 2016 ги освои со Volkswagen, а најновата во 2017 е зад воланот на Ford Fiesta WRC.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.