full screen background image
Search

Peugeot го претстави новиот, 350-коњски 308 TCR

TCR шампионатот станува сè поинтересен и поинтересен – а најновиот автомобил кој ќе се натпреварува е францускиот Peugeot 308 TCR!

Екстремниот Peugeot 308 TCR носи голем бодикит кој ги исполнува условите на TCR шампионатот, но и нов преден сплитер, нов заден дифузер и огрооомен заден спојлер. Контактот со подлогата го овозможуваат пневматици во димензии 270/65, поставени на големи 18-инчни тркала, а за запирањето се задолжени 378-милиметарски предни дискови и 270 милиметарски задни дискови.

Сепак, најинтересен е 1.6-литарскиот турбо-бензинец кој во согласност со TCR спецификациите испорачува 350 коњски сили и 420 Nm вртежен момент кон предните тркалка преку шест-степен секвенцијален менувач. Peugeot веќе ги отвори нарачките за новиот тркачки автомобил кој ќе чини 109.000 евра. Сите автомобили ќе бидат испорачани целосно склопени, а првите купувачи ќе ги добијат своите болиди во Април оваа година.

Peugeot 308 TCR оваа година ќе се соочи со Honda Civic Type R, Volkswagen Golf GTI, Hyundai i30 N, Ford Focus TCR, Kia Cee’d TCR, Seat Leon TCR и многу други.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.