Супер-луксузниот Lexus LS500h пристигна во Скопје – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Супер-луксузниот Lexus LS500h пристигна во Скопје

Знаменосецот на Lexus – големиот LS500h – пристигна и во Македонија, а големиот хибриден седан може да се пофали со врвни технологии и беспрекорен луксуз.


Големиот седан на Lexus комфорно може да се носи рамо до рамо со луксузните конкуренти од Германија. Но Lexus не би бил Lexus доколку не отиде чекор понатаму, па конкрениот автомобил може да се пофали со хибриден погон во форма на 500h, кој всушност користи 3.5-литарски V6 со аткинсонов циклус и електромотор за вкупно 354 коњски сили. Хибридниот погон му овозможува на големиот (и тежок) седан да забрза до 100 километри на час за 5.5 секунди и да постигне максимални 250 километри на час.

Се радуваме што ваков автомобил ќе се движи по нашите улици – во салон изгледа несекојдневно, а низ градскиот метеж ќе изгледа како да е од сосем друг свет.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.