full screen background image
Search

Регулаторна: Бензините и дизелот поскапуваат за половина денар.

Во последната рекалкулација на цените за оваа година, Регулаторната Комисија за Енергетика одлучи да ги зголеми цените на горивата за половина денар.

Во согласност со методологијата која РКЕ ја користи за пресметка на цените, од вечерва на полноќ малопродажните цени се зголемуваат во просек за 1.10%.

Тоа значи дека цените на ЕУРОСУПЕР-95, ЕУРОСУПЕР-98 и ЕУРОДИЗЕЛ се зголемуваат за половина денар, и еден литар од овие горива ќе чини 66.50, 68.00 и 55.00 денари, соодветно.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.