full screen background image
Search

Заради популарноста, Ford го зголемува производството на Fiesta!

Популарноста на Ford Fiesta расте – па Синиот Овал се соочува со убав проблем – ќе го зголеми производството на компактниот хечбек за 100 возила на ден.

Според она што ни го кажуваат од Ford, заради зголемата популарност (и соодветно – зголемената побарувачка) на новата Fiesta, фабриката во Келн ќе произведува 100 возила повеќе секој ден – односно дури 1500 примероци ќе излегуваат од фабриката дневно.

Најпродаваното возило во Обединетото Кралство минатиот месец беше токму Ford Fiesta, со 6434 регистрирани примероци. На домашниот, германски пазар регистрирани се 4660 возила. Новата Fiesta веќе може да се пофали и со неколку награди –  меѓу кои Rally Car of the Year 2017 од Autosport Awards, и Best Supermini of 2017 од Top Gear Magazine.

„Минатата Fiesta веќе беше навистина сакан автомобил – а ако на тоа ги додадеме многуте подобрувања кои ги носи новиот модел, овој успех и не е толку големо изненадување“ – изјави Roelant de Waard, одговорниот за маркетинг во Ford of Europe.

Ние веќе ја возевме новата Fiesta за време на запознавањето со моделот во Шпанија, и компактниот хечбек и неговите неколку различни варијанти ни оставија мошне позитивни впечатоци – а имавме можност и да ја посетиме токму фабриката на Ford во Келн, каде се произведува Fiesta.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.