Bugatti оваа година испорачa 70 примероци од Chiron – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Bugatti оваа година испорачa 70 примероци од Chiron

Ако направиме малку брза математика – оваа година Bugatti испорачале дури 105.000 коњски сили!

Иако Bugatti Chiron чини повеќе од 2.5 милиони долари, веќе се продадени повеќе од 300 примероци, а производството ќе биде ограничено на вкупно 500 возила. Ако сакате некој од преостанатите 200 автомобили, побрзајте!

„Ова е огромен успех за целиот Bugatti тим – ја постигнавме целта од 70 возила за првата година на Chiron.“ – изјави претседателот на Bugatti, Wolfgang Durheimer, и додаде – „Овој извонреден успех е особено значаен бидејќи сакаме да го скратиме времето на чекање на нашите клиенти колку што е можно повеќе.“

43% од нарачките се во Европа, и стариот континент е најголемиот пазар на Bugatti. На второ место се САД и Канада, каде се испорачани 26% од возилата, а 23% се од Средниот Исток. Последните 8% се од Азија и Пацификот.

Колку за потсетување, наследникот на Veyron има 1500 коњски сили и 1600 Nm вртежен момент, кои ги добива од 8-литарски квад-турбо W16 мотор. Забрзува до 100 километри на час за помалку од 2.5 секунди, но максималната брзина сè уште не е позната.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.