full screen background image
Search

ЗАД СЦЕНАТА: Како се произведува Ford Fiesta во фабриката на Ford во Келн, Германија!

При неодамнешната посета на Келн во Германија, имавме несекојдневна и интересна можност да ја посетиме и фабриката на Ford, каде се произведува популарната Fiesta!

Ретка е можноста да се погледне зад сцената и да се види како всушност се произведува еден автомобил. Секако, интересно е да знаеме како течел дизајнерскиот процес и секогаш е забавно да зборуваме со луѓето кои стојат зад автомобилите, но особено интересно е кога всушност ќе ги посетиме фабриките каде се произведуваат некои од нашите омилени автомобили, и да видиме како еден автомобил се креира – од ролна челик, па сè до финалниот продукт!

ford-fiesta-factory-cologne-carclub-2

Кога неодамна го возевме Ford Focus ST во Келн, имавме можност да ја посетиме фабриката на Ford која е токму во овој град, и да видиме како се произведува популарната Fiesta. При првиот влез во фабриката забележавме дека е неверојатно чисто, а меѓу вработените преовладува позитивно расположение и очигледно е дека сите се неверојатно горди на својот бренд – скоро и да не видовме автомобил од било кој друг производител. Интересен податок е дека самата фабрика е еколошки-прифатлива и користи струја која доаѓа од обновливи извори – хидроелектрани во Шведска и Норвешка.

ford-fiesta-factory-cologne-carclub-1

Фабриката има капацитет да произведе до 1800 примероци од Ford Fiesta на ден! Се работи во две смени, пет дена во неделата, а фабриката дневно троши околу 900 тони челик! Имавме можност да ги видиме и огромните автоматски преси кои ги произведуваат деловите од каросеријата – чии калапи (кои се неверојатно големи и тешки) можат да бидат заменети за само 30 минути!

Поврзано:   Puma и Fiesta добиваат нов, 7-брзински менувач со двојна спојка

Луѓето од Ford се неверојатно горди на својата фабрика – Ford инвестираше преку 500 милиони евра во реновација на целата фабрика, нов простор за добавувачи, целосно нов систем за логистика и уште многу други – а можеме да ви потврдиме дека имаат и одлична кујна – јадевме рамо до рамо со работниците од Ford и уживавме во германскиот ручек!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.