Peugeot 208 BlueHDI помина 2152 километри со 43 литри дизел гориво! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Peugeot 208 BlueHDI помина 2152 километри со 43 литри дизел гориво!

Оние кои сакаат економични автомобили можат да го добијат токму тоа од Peugeot 208 BlueHDI 100 S&S, кое успеа да помине дури 2152 километри со само 43 литри дизел гориво!

Според официјалните податоци, автомобилот имал просечна потрошувачка од само 2 литри на 100 изминати километри, но тестот не бил направен на јавни патишта, туку на тест-патеката на Peugeot во Belchamps, во Франција. Сепак, надзор на тестот била француската организација UTAC (Union Technique de l’Automobile, du motocycle et du Cyclе), а за самиот тест бил искористен целосно стандарден Peugeot 208 BlueHDI кој бил опремен со 1.6-литарски BlueHDI турбодизел со 100 коњски сили и 5-степен мануелен менувач.

На автомобилот му биле потребни 38 часа за да го помине растојанието, а зад воланот седеле неколку различни возачи кои се менувале на секои 3 до 4 часа. Според официјалната спецификација, Peugeot 208 BlueHDI троши 3 литри гориво на 100 изминати километри.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.