ПРЕМИЕРА: Aria FXE – Хибриден супер-автомобил со 1150 коњски сили и цена од 1 милион долари! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Aria FXE – Хибриден супер-автомобил со 1150 коњски сили и цена од 1 милион долари!

Новиот супер-автомобил кој доаѓа од Соединетите Американски Држави се вика Aria FXE – и сака да биде конкурент на европските великани.

Aria претстави две варијанти на својот автомобил на Саемот на Автомобили во Лос Анџелес. „Основната“ верзија користи 6.2-литарски атмосферски V8, за кој не кажуваат со колкава моќност распоплага, но знаеме дека ќе ја испорачува силата кон задните тркала.

Сепак, поинтересна е Aria FXE која ќе комбинира 720-коњски V8 со два електромотори кои испорачуваат дополнителни 540 коњски сили. Ова би требало да значи вкупна системска моќност од 1150 коњски сили и скоро 1800 Nm вртежен момент. Се претпоставува дека ќе користи 7 или 8 брзински Xtrac менувач со двојна спојка. Според најавеното, би требало да забрзува до 100 километри на час за 2.7 секунди и да постигне максимални 340 километри на час.

Сега за сега се планирани само 400 примероци од FE и FXE. Испораката би требало да започне во втората половина од 2019, а цените би требало да започнуваат од 1 милион долари.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.