Киа Моторс Македонија отвори нов салон во Штип! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Киа Моторс Македонија отвори нов салон во Штип!

Со отворањето на новиот салон во Штип, нашите пријатели од Киа Моторс Македонија ја најавуваат експанзијата на својата продажна мрежа и во други градови ширум Македонија.

„Денес во Штип ја започнуваме нашата експанзија.“ – со овие зборови претставниците од Киа Моторс Македонија го отворија новиот продажен салон кој се наоѓа во Штип, и ќе биде задолжен за претставување на KIA и нејзините модели во тој регион.

Салонот на KIA е дел од ПСС центарот во Штип и токму затоа е идеално позициониран да ги привлече купувачите. Во салонот ќе бидат изложени најновите и најинтересни модели на KIA – новите RIO и Stonic, како и секогаш-популарните Sportage и Ceed. Купувачите ќе имаат можност одблиску да ги погледнат автомобилите, како и да повозат некое од достапните тест-возила.

Експанзијата на Киа Моторс Македонија ќе продолжи и во други градови ширум државата. Веќе се најавени уште два салони – во Битола и Струмица – кои ќе бидат отворени во следните шест месеци и ќе бидат концепциски исти како отворениот во Штип. Им посакуваме многу успех и многу продадени автомобили!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.