full screen background image
Search

Регулаторна: Бензините поевтинуваат, дизелот останува со истата цена

Регулаторната Комисија за Енергетика ги објави новите цени на горивата – од вечерва се намалуваат цените на бензините, додека цената на дизелот останува непроменета.

Согласно методологијата за пресметка на цените, од вечерва на полноќ малопродажните цени се намалуваат во просек за 1.5%.

Цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се намалуваат за 1.5 денари, и еден литар од овие горива ќе чини 65.50, односно 67.00 денари.

Малопродажната цена на дизелот не се менува, и еден литар дизел и наредните две седмици ќе чини 54 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.