Во Белгија започна производството на новиот Volvo XC40 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Во Белгија започна производството на новиот Volvo XC40

Веќе се направени повеќе од 13.000 нарачки за новиот компактен кросовер на Volvo и првите примероци наскоро ќе стигнат до своите сопственици.


Volvo XC40 започна да се произведува – и тоа во фабриката на Volvo во Гент, Белгија. Малиот кросовер веќе се покажува како навистина популарен – направени се преку 13.000 нарачки и првите примероци веќе ја напуштаат производната лента. Првите сопственици ќе ги добијат своите возила на почетокот на следната година.

„Ова е горд ден за Гент, за компанијата и за сите наши вработени тука. XC40 ја претставува светлата иднина за Гент и Volvo Cars“ – изјави претседателот на Volvo Cars – Hakan Samuelsson.

Навистина, новиот XC40 е важен модел за Volvo – ова е првиот автомобил поставен на CMA платформата која ќе се користи за сите идни модели од 40-серијата на брендот. Во план е да се понуди хечбек, како и мал седан, кои исто така ќе се произведуваат во Гент. Во моментов во Гент се произведуваат V40 и V40 Cross Country, како и S60 и V60.

Инвестицијата во фабриката е огромна – вградени се не помалку од 363 роботи, вклучувајќи го и роботот кој од Volvo го нарекуваат „The Beast,“ кој е уникатен во Volvo системот на производство. Овој робот се користи за подигнување на автомобилите кон транспортен појас близу до кровот на фабриката



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.