full screen background image
Search

Први официјални фотографии од ентериерот на Mercedes-Benz A-Class

Германскиот производител започна да ја открива новата „А-Класа“ – и првите официјални фотографии го покажуваат ентериерот на компактниот премиум хечбек.

Ако кабината ви делува позната – тоа е поради тоа што новата A-Class влече инспирација од поголемите и полуксузни E-Class и S-Class. Меѓу деталите кои ги препознаваме се двата големи дисплеи поставени пред возачот и на централната конзола, како и мултифункцискиот управувач.

Секако, најинтересен новитет се двата „лебдечки“ дисплеи поставени пред возачот и на централниот гребен. Во зависност од изведбата ќе се нудат три верзии – основните модели ќе добијат два 7-инчни дисплеи, додека повисоките нивоа на опрема добиваат еден 7-инчен и еден 10.25 инчен, или пак два 10.25-инчни дисплеи.

Целта на Mercedes-Benz е новиот A-Class да го издвои од директните конкуренти и да го направи полуксузен со тоа што на купувачите ќе им ги понуди истите технологии и играчки кои ги нуди во поголемите автомобили, но во попрактичен, градски пакет. Со таа цел, Mercedes-Benz ќе вгради многу хај-тек работи од поголемите модели – како што се седишта со климатизација и масажа, како и 64 LED светилки за индиректно осветлување кои во кабината ќе креираат специјална, персонализирана атмосфера.

Автомобилот ќе биде поголем и ќе нуди повеќе простор во кабината, како и повеќе багажен простор – и тоа за цели 29 литри. Од Mercedes-Benz кажуваат дека и прегледноста ќе биде подобрена, благодарение на редизајнираните (и потенки) А, Б и Ц-Столбови.

Премиерата на новата A-Class е закажана за саемот на автомобили во Женева, во Март следната година. Понатаму ќе добиеме и A-Class Sedan, а во 2019 ќе пристигнат и новите верзии на GLA кросоверот и CLA купе-седанот. Веќе знаеме дека новата генерација на германскиот премиум хечбек ќе користи цела гама на бензински и дизел мотори, како и 48-волтен плаг-ин хибрид. Во план се и A40 AMG со околу 300 коњски сили, како и громогласен A45 AMG со 400 коњски сили.

Поврзано:   Brabus го претстави лудиот Rocket 900!


Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.