Volkswagen го најавува тркачкиот Polo GTI R5 со 266 коњски сили – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Volkswagen го најавува тркачкиот Polo GTI R5 со 266 коњски сили

Германскиот бренд ќе понуди рели-верзија од новата генерација на Polo GTI, која ќе биде понудена само на приватни тимови.

Иако Volkswagen заврши со своето учество како фабрички тим во Светскиот Рели Шампионат при крајот на 2016 сезона, компанијата подготвува нов рели модел кој ќе ги задоволува стандардите од WRC2 дивизијата и ќе биде понуден на приватните тимови кои ќе се натреваруваат.

Наречен Polo GTI R5, автомобилот се развива од почетокот на 2017 и го корости досегашното богато искуство на производителот во WRC шампионатот. Главните луѓе кои работеле на новиот модел биле водени од техничкиот директор на Volkswagen Motorsport – Франсоа-Хавиер Демаисон.

Под поклопецот на R5 ќе се најде 1.6-литарски турбо-бензински четири-цилиндарски мотор со 266 кс. Силата ќе биде испорачана кон сите четири тркала преку пет-степен секвенцијален менувач.

Volkswagen не објави официјална фотографија од автомобилот, но најавната скица остава многу малку на имагинацијата. Малиот градски спортист Polo GTI се претворил во широка, агресивна моторспорт машина со широка трага на тркалата и голем заден спојлер.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.