full screen background image
Search

Се појавија фотографии од ентериерот на претстојниот Mercedes G-Class

Магазинот AutoWeek објави фотографии од контролната табла на новата генерација на G-Class пред официјално да биде претставена.

Новата контролна табла ги интегрира најновите технологии на брендот со широки дисплеи без многу да го наруши карактерот на ентериерот, кој не се труди да ги сокрие неговите функционални корени прикажани со рачката за задржувањe пред совозачот.

Заменувањето на икона не е лесно, но Mercedes се чини дека решиле како да создадат нов G-Class, без премногу да ги изменат состојките кои го направија толку популарен. Новата генерација ќе доаѓа со волан преземен од актуелната S-Class, како и модерен електричен редуктор кој ќе се наоѓа помеѓу отворите за вентилација. Тој се состои од три прекинувачи кои служат за заклучување на одреден диференцијал.

Иако изложениот модел располага со класичен аналоген брзиномер за возачот, речиси сигурно е дека идните купувачи на G-Class ќе можат да добијат и дигитален како опција, ист како кај останатиот дел од гамата.

Од надвор новата генерација се очекува да изгледа речиси неизменето од сегашниот модел, но измените под површината ќе бидат многу позначајни. Mercedes ќе му даде на новиот G-Class поширока шасија со независна суспензија и адаптивни амортизери. Моделот ќе има и нова електрична архитектура што значи дека ќе доаѓа со цел опсег на најнови системи за асистенција кои ја зголемуваат безбедноста и комфорот.

Најновите извештаи објавуваат дека Mercedes ќе го претстави новиот теренец на автомобилскиот саем во Детроит овој Јануари.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.