full screen background image
Search

BMW M3 слави 30 години на американскиот пазар!

Со специјалниот M3 30 Years American Edition, BMW го прославува јубилејот од 30 години на легендарниот модел на американскиот пазар.


Уникатниот примерок (не, не го возела баба) од BMW M3 е дизајниран од BMW Group Designworks, а за неговата изработка беа задолжени експертите од BMW Individual. Бидејќи се работи за славенички модел, овој M3 добива многу специјални детали кои го одбележуваат јубилејот.

„Основата“ е BMW Competition Package, но носи специјална Frozen Red II Metallic боја. Додаток се и уникатни M Performance тркала во златна боја, како и детали во црвена, бела и сина боја, како и карбонски кров. Дополнително, автомобилот добива и M Performance спортска суспензија, карбонски заден спојлер, лесен M Performance издув со титаниумски завршетоци, а ентериерот добива површини во црвена, бела и сина боја покриени со Мерино кожа, уникатни графички елементи на наслоните за глава и неколку други места, а многу од површините се покриени со Алкантара и карбон.

За придвижување на овој уникатен M3 е задолжен твин-турбо 3-литарски шест-цилиндерски мотор кој испорачува 444 коњски сили. Преносот е кон задните тркала преку (скоро неверојатно) мануелен менувач со шест брзини. Автомобилот ќе биде продаден на аукција на крајот на SEMA.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.