full screen background image
Search

Toyota на SEMA претстави екстремен C-HR R-Tuned со 600 коњски сили!

Темелно-преработениот Toyota C-HR низ екстремни модификации станува вистинско тркачко оружје со 600 коњски сили и екстремен аеро-пакет!


Екстремно-модификуваниот Toyota C-HR е дело на тјунерите од R-Tuned, и добива нов мотор и менувач. Го задржува четири-цилиндерскиот мотор, но нема хибриден систем и наместо него добива огромен турбо-полнач. Сето ова значи 600 коњски сили кои се пренесуваат преку предните тркала.

Дополнително, овој хипер-C-HR добива и Brembo тркачки сопирачки, Toyo пневматици и нагодлива суспензија од DG-SPEC. Аеро бодикитот обезбедува 136 килограми потисок, а автомобилот може да постигне 1.2g при кочење.

И каков е резултатот? Импресивен – 100 километри на час се постигнуваат за само 2.9 секунди – а максималната брзина иако не е објавена, сигурни сме дека е значително повисока од стандардната. Штета што ова е автомобил наменет само за SEMA – замислете ваков C-HR по улиците…

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.