full screen background image
Search

Регулаторна одлучи да ги зголеми цените на горивата

Регулаторната Комисија за Енергетика пред само неколку моменти ги објави новите, повисоки цени на горивата!

Согласно методологијата која РКЕ ја користи за пресметка на цените, од вечерва на полноќ малопродажните цени на горивата се зголемуваат во просек за 1.81 процент.

Тоа значи дека од вечерва на полноќ цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се зголемуваат за 1, односно 0.5 денари, и еден литар ќе чини 64.00 односно 65.50 денари. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се зголемува за 1 денар, и еден литар дизел гориво од вечерва ќе чини 52 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.