Премиера: Ferrari FXX-K Evo – Најексклузивното Ferrari, уште поексклузивно! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Премиера: Ferrari FXX-K Evo – Најексклузивното Ferrari, уште поексклузивно!

Ferrari претстави уште понапредна верзија од тест-моделот FXX-K – ја носи ознаката Evo и е на самиот врв на моменталните достигнувања на Разиграниот Коњ!


Ferrari го претстави FXX-K Evo на Finali Mondiali настанот во Mugello, и овој автомобил е на самиот врв на моменталните достигнувања на италијанскиот бренд. Ова е најдоброто што во моментов можат да го понудат инженерите на Ferrari, кое не е ограничено од никакви улични, ниту пак тркачки правила.

Да, токму така – Ferrari FXX-K Evo не можете да го возите на улица, а со него не можете да учествувате ниту на било какви официјални трки. Ова е тест-платформа која Ferrari ја користи заедно со своите најдрагоцени клиенти за да ги развива идните модели на брендот.

FXX-K Evo има цели 23% повеќе потисна сила од постоечкиот FXX-K, и дури 75% повеќе од „обичниот“ LaFerrari. Всушност, од Ferrari се фалат дека FXX-K нуди потисна сила скоро колку GT тркачките модели – односно околу 820 килограми при максимална брзина.

За да го постигнат ова, момците од Maranello поставиле фиксен заден спојлер кој соработува со адаптивниот спојлер кој е дел од активната аеродинамика. Додадена е и вертикалната „перка“ како и вортекс-генератори на поклопецот на моторот и под автомобилот. Предниот и задниот браник се редизајнирани за подобро да управуваат со движењето на воздухот, а суспензијата е реконфигурирана за да соработува подобро со зголемата потисна сила.

Кабината добива нов управувач кој наликува на оној во Ф1 болидите, како и нови монитори на кои се прикажува погледот кон задниот дел, хибридниот систем и телеметријата на возилото.

Купувачите кои сакаат да имаат примерок од FXX-K Evo ќе можат да го набават како засебен модел, или пак да го надградат постоечкиот FXX-K. Corse Clienti програмата на Ferrari веќе има закажано 9 настани за XX-програмата за следната година и тие ќе се одржат меѓу Март и Октомвро 2019.

Поврзано:  ПРЕМИЕРА: Новиот 12Cilindri го носи најмоќниот 12-цилиндерски мотор во историјата на Ferrari!

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.