full screen background image
Search

Сакате Golf R со 400 коњски сили? Јавете се во ABT!

Тјунерите од ABT Sportsline подготвија пакет за Volkswagen Golf R кој го издигнува германскиот хеч во хипер-хеч категоријата!

Бројките кои ги нудат инженерите од ABT се импресивни – зголемување од 100 коњски сили и 100 Nm вртежен момент – односно вкупно 400 коњски сили и рамно 500 Nm вртежен моемнт. Дополнително, Golf R на ABT добива и преработена суспензија која е 20 милиметри пониска напред и 25 милиметри пониска позади, а може да се добие и прилагодлива суспензија за самите да си ја одредите висината.

Можете да добиете и поефикасни сопирачки, како и заден издувен систем со замашен дијаметар, како и тркала во димензии од 18 до 20 инчи, странични прагови и додаток на спојлерот. Цената за сето ова не е позната, но бидејќи се работи за ABТ, сигурно нема да биде ниска. Сепак, вреди да се напомене дека ја задржувате гаранцијата на вашиот мега-Golf!

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.