full screen background image
Search

Citroën го освежи C4 Cactus и му даде хидраулична суспензија!

Францускиот производител го откри освежениот C4 Cactus, кој покрај дискретните затегнувања е првиот европски модел на компанијата што ја добива Progressive Hydraulic Cushion суспензијата.


Системот кој дебитираше кај C5 Aircross има цел да му даде на малиот C4 Cactus супер-комфорна суспензија. Ова го постигнува преку секундарни хидраулични амортизери поставени во секој амортизиер, кои ги заменуваат традиционалните „блокатори“.

Дополнително, веќе-комфорниот C4 Cactus добива уште покомфорни амортизери и пружини со цел да понуди уште покомфорно возење. Од Citroen кажуваат дека автомобилот ќе добие и редизајнирани седишта кои се наполнети со специјален сунѓер и нудат комфорно возење на подалечни дестинации.

Секако, бидејќи се работи за освежување – C4 Cactus добива и неколку визуелни измени. Визуелните измени вклучуваат редизајнирани предни и задни браници со поголеми светлосни групи, како и помали Airbumps заштитни панели на вратите. Во понудата се дури 31 различна комбинација на бои на надворешноста, како и пет дизајни на алуминиумски тркала.

 

Дел од опремата сега е и систем за автономно сопирање, систем за препознавање на сообраќајни знаци како и систем кој го предупредува возачот доколку примети дека вниманието му е намалено. C4 Aircross добива и систем за следење на слепата точка, систем за асистенција при паркирање и рикверц-камера. Новитет во гамата е и 1.2-литарскиот PureTech турбо-бензинец со 130 коњски сили, а истиот мотор може да се добие и со 82, односно 110 коњски сили. Во понудата останува и добро-познатиот и економичен 100-коњски турбодизел.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.