full screen background image
Search

Тјунинг-дивизијата на Volvo го претстави својот прв автомобил – запознајте го Polestar 1!

Дивизијата на Volvo ориентирана кон перформансите денес ја објави својата стратегија да настапува како самостоен бренд ориентиран кон електричните возила – и го претстави својот прв модел кој се вика едноставно Polestar 1!

Првиот автомобил на Polestar ќе влезе во сериско производство во средината на 2019. Автомобилот е замислен да биде Electric Performance Hybrid и може да помине до 150 километри на електрична енергија – највеќе од сите хибриди на пазарот. Во комбинација со Drive-E моторот со четири цилиндри од Volvo, Polestar 1 располага со 600 коњски сили и 1000 Nm вртежен момент – а тоа во втемелува цврсто во сегментот на супер-спортски автомобили.

Според претседателот на Polestar – Thomas Ingenlath – „Polestar 1 е првиот автомобил кој  на поклопецот на моторот го носи нашето лого. Polestar 1 е замислен да биде прекрасен гранд турер со многу технологија во него – одличен старт за Polestar брендот. Сите идни возила на Polestar ќе имаат целосно електричен погон и ќе ја пренесат нашата визија да бидеме засебен бренд на електрични возила со високи перформанси.“

Ќе бидат произведени максимум 500 возила годишно и дел од пакетот ќе бидат и сите услуги кои Polestar компанијата ги нуди. Polestar 1 е базиран на SPA платформата на Volvo, но 50% од плаформата е целосно нова, развиена од Polestar. Автомобилот е долг 4.5 метри а неговиот дизајн го карактеризираат моќни и спортски пропорции.

Кога веќе зборуваме за спортските детали – задните тркала ги придвижува систем со двоен електромотор кој испорачува 218 коњски сили. Вo Pure режимот на работа електричната енергија се испорачува само кон задните тркала. Според Polestar, автономијата од 150 километри на електрична енергија значи дека сопствениците скоро секогаш ќе можат да го возат својот 1 во целосно-електричен режим.

Поврзано:   Volvo Ве кани на Freedom to Move

За оние кои сакаат дополнителна автономија, тука е комбинацијата со Drive-E четири-цилиндерскиот мотор кој ги придвижува предните тркала, за вкупна системска моќност од 600 коњски сили и 1000 Nm вртежен момент.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.