full screen background image
Search

Hyundai Kona EV ќе има автономија до 500 километри!

Полека но сигурно почнуваме да дознаваме повеќе податоци околу електричната верзија на Hyundai Kona – и според најновите најави, Kona EV ќе може да се добие со две различни батерии.

 

Корејскиот концерн е сериозно посветен на електрификацијата на своите возила – па по одлично-прифатениот IONIQ, Hyundai ќе ги продолжи чекорите кон електрификација со Kona EV.

Првите информации кои ги добивме за електричната Kona зборуваа дека овој компактен SUV ќе има батерии со капацитет од 40 до 50 kWh, но сега веќе добивме информации дека ќе се вградува и поголема батерија со капацитет од 64 kWh. Немаме информации за автономијата на Kona EV со помалата батерија, но инсајдерски информации најавуваат дека со поголемата батерија Kona EV ќе може да помине до околу 500 километри со едно полнење (измерено според NEDC).

Интересно – Hyundai соработува со LG Chem за некои од погонските единици за своите електрични возила, и токму тука влегува во игра неодамнешната најава дека LG Chem ќе гради огромна фабрика за батерии за електрични возила во Европа. Сето ова ветува многу за фановите на електричните возила, бидејќи тие би требало да станат значително подостапни.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.