Премиера: Porsche 718 Boxster и Cayman GTS! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Премиера: Porsche 718 Boxster и Cayman GTS!

Porsche ја претстави GTS изведбата на новите 718 Boxster и Cayman која е придвижувана од 2.5-литарски 4-цилиндерски турбо-боксер кој испорачува 365 коњски сили!

Како што и очекувавме, GTS изведбата е со поспортски карактер од „обичните“ 718 Boxster и Cayman – добива редизајниран преден браник и затемнети предни светла, црн заден дифузер и централно поставен издув, а купувачите ќе добијат и GTS значки како и 20-инчни црни тркала.

Во кабината ќе најдете седишта обвиени во алкантара со GTS логоа извезени во наслоните за глава, како и управувач обвиен во истиот материјал. Стандардно дел од приказната е и Sport Chrono пакетот кој само како дополнителна опрема може да се добие во другите изведби.

Под задниот поклопец се крие 2.5-литарски турбо-боксер кој испорачува 365 коњски сили и 430 Nm вртежен момент. Секако, можете да го комбинирате со шест-степен мануелен менувач или пак PDK автоматски менувач со двојна спојка. Ако изберете PDK, забрзувањето до 100 километри на час трае 4.1 секунда, а максималната брзина е 290 километри на час.

Нарачките за 718 Cayman GTS и 718 Boxster GTS се веќе отворени. Побрзајте!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.