full screen background image
Search

Audi во четврток ќе го претстави новиот А7 Sportback!

Со една фотографија на која можеме да ја видиме само силуетата на новиот A7 Sportback, германскиот производител ја најавува втората генерација од популарниот модел!

Дизајнот не се ни очекува да биде некаква револуција – туку внимателна еволуција на дизајнот на тековниот модел. Големиот А7 се покажа како успешен модел за Audi, па сосем е очекувано дека челниците на брендот сакаат да го продолжат овој тренд.

Се очекува A7 да користи дизајнерски елементи од големиот А8, но и елементи од импресивниот Prologue концепт кој Audi неодамна го претстави. Поставен на MLB Evo платформата, A7 Sportback ќе дели голем дел од „основата“ со големиот Q7.

Се очекува A7 Sportback да се нуди со неколку различни турбо-бензински и турбодизел мотори, но не е исклучен ниту плаг-ин хибрид, ниту пак можноста RS7 да го добие истиот 2.9-литарски твин-турбо V6 кој се користи во RS4/RS5 варијантите. Сепак, можно е RS7 да го задржи и 4-литарскиот твин-турбо V8 кој веќе се вградува во врвниот RS7, кој би испорачувал повеќе од 600 коњски сили.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.