full screen background image
Search

Вечерно Кино: Need for Speed Payback е отворен виртуелен свет за сите возачи!

Ghost Games со видео ги прикажаа можностите во најновото издание на видео играта Need for Speed наречено Payback.

Најновата видео игра од популарната франшиза ги сместува возачите во градот Fortune Valley, кој е всушност дигитална репликација на Las Vegas. Концептот на отворен свет им дава на возачите бескрајни можности за истражување на патиштата и прекрасните предели – вклучувајќи шуми, пустини, како и градски области. Играчите ќе можат да одберат помеѓу многу модели на автомобили, кои ќе нудат опции за многу измени и засилувања на перформансите.

Need for Speed Payback ќе биде лансирана на 10ти Ноември оваа година и ќе биде достапна за Ps4, Xbox One и PC.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.