Audi подогтви специјални Carbon Edition изведби на RS4 и RS5 кои се до 80 килограми полесни! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Audi подогтви специјални Carbon Edition изведби на RS4 и RS5 кои се до 80 килограми полесни!

Audi сака да ги направи своите нови RS-модели уште попривлечни, па понуди специјална Carbon Edition изведба која – погодувате – користи многу карбонски влакна!

RS4 и RS5 Carbon Edition користат многу компоненти изработни од карбонски влакна, но и од CFRP (Carbon-Fiber Reinforced Polymer) – како на пример предниот спојлер, делови од крилата, дифузерот, страничните ретровизори, кровот и многу детали во ентериерот.

Дополнително, автомобилите добиваат и уникатни, едноделни 20-инчни тркала кои се со помала тежина. Сè на сè – RS4 Carbon Edition е 80 килограми полесен од стандардниот модел, а RS5 Coupe Carbon Edition е 60 килограми полесен од обичниот модел.

Дополнително, Carbon Edition возилата ќе добијат и уникатна маска на ладилникот, Matrix LED предни светла, Quattro спортски диференцијал и Nappa кожа во ентериерот. Моќноста останува иста – за придвижување е задолжен 2.9-литарски твин-турбо V6 кој испорачува 450 коњски сили и 600 Nm вртежен момент – па RS5 Coupe забрзува „до стотка“ за 3.9 секунди, додека на супер-спортскиот караван му се потребни 4.1 секунда за истиот бенчмарк.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.