full screen background image
Search

Новиот Porsche 911 GT2 RS постави нов рекорд од 6:47.3 на Нирбургринг!

Новата најмоќна изведба од популарниот 911 го уништи рекордот на Lamborghini Huracan Performante и стана најбрзиот сериски автомобил со заден погон на оваа патека.

Porsche 911 GT2 RS успеа да заврти еден круг од 20.6 километри за само 6 минути и 47.3 секунди. Во обидот за поставување на нов рекорд Porsche користеше два примероци од моделот, возени од Ларс Керн и Ник Танди. Првиот од нив беше заслужен за рушење на рекордот и поставување на нов, на 20ти Септември со просечна брзина од 184.11 км/ч.

Благодарение на ова импресивно достигнување, суперавтомобилот докажа дека е само 1.4 секунди побавен на Нирбургринг од електричниот NextEV Nio EP9, и побрз од Radical SR8LM, Lamborghini Huracan Performante и поточно сите останати машини со високи перформанси.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.