full screen background image
Search

Врвната Porsche Panamera Sport Turismo ја носи ознаката Turbo S E-Hybrid и има 680 коњски сили!

Врвот на понудата на „караванската“ Porsche Panamera е иста како и кај седанот – хибридниот погон нуди вкупно 680 коњски сили и забрзување до 100 километри на час за 3.4 секунди!


Погонот на Panamera Turbo S E-Hybrid вклучува 4-литарски твин-турбо V8 кој испорачува 550 коњски сили и плаг-ин хибрид кој користи батерија со капацитет од 14.1 kWh и електромотор кој испорачува 136 коњски сили. Системската моќност е 680 коњски сили и 850 Nm вртежен момент.

Преведено во перформанси тоа значи „стотка“ за 3.4 секунди и максимална брзина од 310 километри на час. Но и покрај перформансите, уште поимпресивна е официјалната потрошувачка – која според Porsche и NEDC таа изнесува 3 литри на 100 километри и автомобило има автономија на струја од 49 километри.

Батеријата може да се наполни за некаде меѓу 2.4 и 6 часа, во зависност на каква електрична мрежа е поврзната. Panamera Sport Turismo се нуди во „4+1“ конфигурација за седење, а на располагање стојат 425 литри багажен простор кои нараснуваат на 1295 со спуштени задни седишта.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.