BMW претстави технологија за безжично полнење на своите плаг-ин хибриди – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

BMW претстави технологија за безжично полнење на своите плаг-ин хибриди

Wireless полначот на BMW овозможува полнење на батериите на хибридниот 530е iPerformance за само 3.5 часа и ќе може да се купи од следната година.

Технологијата која BMW ќе ја користи за безжично полнење на 530е iPerformance е слична на онаа која ја користат мобилните телефони. Платформата која се поставува на подот под автомобилот се поврзува во стандарден 220-волтен приклучок, а сензори вградени во автомобилот ќе ви помогнат да го паркирате токму каде што треба.

Според она што го објавуваат од BMW, батеријата со капацитет од 9.4 kWh која се вградува во 530е iPerformance ќе може да се наполни за околу 3.5 часа, а полначот ќе троши околу 3.2 kW на час. На почеток технологијата ќе се нуди само кај 530е iPerformance, а понатаму ќе се понуди и кај другите плаг-ин хибридни модели на BMW – 330e, 740e, хибридниот X5, како и електричните i3 и i8.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.