Британскиот бренд ќе претстави целосно ново семејство на модели со ознака Road Rover до 2020 година.
Според магазинот Autocar, првиот модел од гамата на Road Rover ќе биде целосно електрично возило со способности за секаков терен и луксузен ентериер со кој ќе му конкурира на Mercedes-Benz S-Class. Благодарение на електричните мотори, би требало да понуди импресивни перформанси и управување па се очекува опсег од околу 480 километри и забрзување од 0-100 км/ч за помалку од 5 секунди.
Не се познати повеќе детали за првиот модел на Road Rover, но тој најверојатно ќе биде лансиран на автомобилскиот саем во Лос Анџелес при крајот на 2019 пред да излезе на пазарот во почетокот на 2020. Исто така ќе биде придружен од други модели кои ќе бидат наменети за патиштата и ќе имаат некакви теренски способности.
Името „Road Rover“ има поодамнешна историја за Land Rover. Во 1950-тите, тоа име беше користено за експериментален модел кој беше создаден да ја пополни празнината помеѓу автомобилите Rover и возилата Land Rover.