full screen background image
Search

Регулаторна ги објави новите, повисоки цени на горивата

Регулаторната Комисија за Енергетика ги објави новите цени на горивата – од вечерва на полноќ се зголемуваат цените на бензините и дизелот.


Согласно методологијата која РКЕ ја користи за пресметка на цените, од вечерва на полноќ малопродажните цени се зголемуваат во просек за 2.36 проценти.

Преведено во цени, тоа значи дека цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се зголемуваат за 0.5 денари, и сега овие горива ќе се продаваат по цена од 63.50 односно 65.00 денари за литар. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се зголемува за 1.5 денари, и еден литар дизел гориво ќе чини 49.50 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.