Во Македонија пристигна освежениот Peugeot 308! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Во Македонија пристигна освежениот Peugeot 308!

Нашите пријатели од македонскиот импортер за возилата на Peugeot – Еуроимпекс – нè известија дека пристина освежениот Peugeot 308!

Освежениот Peugeot 308 носи позатегнат дизајн, гордо го истакнува логото на францускиот бренд и е подготвен да продолжи да се бори со конкурентите. Од Peugeot кажуваат дека „308 отсекогаш бил еден од најпродаваните модели на брендот, што по извршените модификации на дизајнот, технолошки напредните системи и ултра ефикасните мотори се предвидува дека така и ќе остане во иднина. Дополнително овој модел е опремен со напредни системи за асистенција во возењето, уште поголемо ниво на безбедност и уживање, за што подобро искуство во возењето.“

Во внатрешноста, PEUGEOT i-Cockpit® му овозможува на возачот целосна контрола со 9.7-инчен екран на допир, со 3D навигација и функционалниот Mirror Screen®.

Кога станува збор за моторите новиот 308 доаѓа со три 3-цилиндерски PureTech мотори кои се уште поефикасни благодарение на заштедите во однос на нивната големина
и тежина. Достапна е и новата генерација на PureTech 130 S&S бензински мотор со директно вбризгување и нов мануелен менувач со 6 степени на пренос ќе биде достапен кај новиот
308. Оваа нова верзија на мануелен менувач обезбедува поголеми перформанси во смисла на потрошувачка и задоволство при возењето.

Новиот 308 ќе може да се поседува и со високо ефикасниот нов BlueHDi 130 S&S мотор кој воведува нов, компактен систем за контрола на емисиите. Емисиите се третираат уште при изворот но и кај издувот, обезбедувајќи помала потрошувачка на гориво за време на возењето и поефикасна контрола на емисијата. Peugeot 308 може да се добие со мануелен, или автоматски EAT8 менувач кој според најавите нуди брзо и флуидно менување на брзините.

Поврзано:  Новиот Peugeot 3008 пристигна во Македонија!

Наскоро ќе го имаме новиот 308 на екстензивно тестирање, па ќе ви ги пренесеме нашите впечатоци.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.