full screen background image
Search

KIA го освежи Sorento пред саемот во Франкфурт

Големиот SUV на KIA ќе добие освежување на Франкфуртското Ауто Шоу, а корејскиот производител ги објави првите фотографии.


Освежувањето вклучува ревидирани браници, нови LED предни и задни светла, нови бои и нови дизајни за тркалата кои можат да бидат со димензии од 17 до 19 инчи.

Во кабината, освеженото Sorento добива нови и поквалитетни материјали за попремиум чувство, редизајнирани управувач и панел со инструменти, како и нови контроли за разните системи во автомобилот. Новитет е и 8-инчниот мултимедијален уред кој вклучува навигација, Apple CarPlay и Android Auto, безжично полнење на мобилни уреди и други ситници. Купувачите ќе можат да нарачаат и Harman/Kardon аудио уред.

Дополнително, купувачите ќе можат да нарачаат и нов, 8-брзински автоматски менувач доколку го изберат 2.2-литарскиот турбодизел. Кај Sorento, KIA ќе понуди и Drive Wise ADAS (Advanced Driver Assistance System) функционалност, кои треба да го олеснат возењето и да го спречат невниманието на возачот. Системите следат неколку параметери од возачот и ако забележат дека возачот е уморен ќе го предупредат со аудио-визуелен сигнал.

Новитет е и GT-Line верзијата која вклучува LED светла за магла, црвени шепи на сопирачките, и уште неколку детали, а во кабината добива спортски детали, седишта со контрастни опшивки и уште некои доработки.

 

Европската продажба ќе започне во последната четвртина од оваа година.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.