full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Драг трка меѓу Range Rover Sport SVR и Caterham Seven 360 R!

Магазинот EVO сними една несекојдневна драг споредба помеѓу тежок SUV со многу сила и мал роудстер со многу мала маса и доволно коњски сили под поклопецот.

Натпреварувачот од едната страна – Range Rover Sport SVR располага со 5.0-литарски V8 бензинец, кој со помош на компресор произведува 550 кс и 680 Nm максимален вртежен момент кои ги испорачува кон подлогата преку погон на сите тркала. Од другата страна – Caterham Seven 360R е погонуван од мал 2.0-литарски четирицилиндарски атмосферски бензинец со 180 кс и 194 Nm вртежен момент, како и погон само на задните тркала.

Она што ги прави овие бројки многу блиски е огромната разлика во маса: 2340 килограми кај Range Rover Sport SVR и 560 килограми кај Caterham Seven 360R. Останува да видиме кој ќе биде победникот. Затоа погледнете го видеото и уживајте!



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.