full screen background image
Search

Nissan го претстави новиот Leaf со автономија од 378 километри!

Електричниот автомобил на Nissan ја доби својата втора генерација – а со неа доаѓа нов погон кој нуди електрична автономија од дури 378 километри!


Новиот дизајн на Leaf е значителен исчекор од досегашниот изглед на електричниот автомобил. Веќе ги нема „растечените“ линии – Leaf сега изгледа поостро, помодерно и значително „понормално“. Очигледни се дизајнерските детали позајмени од другите модели на брендот – особено на предниот дел каде Leaf наликува на новата Micra и освежениот Qashqai.

Сепак, најважен новитет е новиот погон, кој вклучува литиум-јонска батерија со капацитет од 40 kWh, која соработува со електромотор кој испорачува 147 коњски сили и 320 Nm вртежен момент. Според американските мерења автономијата на електрична енергија е 150 милји (околу 250 километри), но според пооптимистичките европски мерења, автономијата на струја е 235 милји, односно 378 километри. Ова се одлични бројки кои сигурно ќе го направат Leaf попривлечен за купувачите кои се сè уште скептични околу автономијата на електричните автомобили.

На приклучок од 3 kW, на Leaf ќе му бидат потребни околу 16 часа да ја наполни батеријата. 8 чaса се потребни на приклучок од 6 kW, а можност за поврзување на брз полнач овозможува 80% од батеријата да бидат наполнети за околу 40 минути.

Секако, бидејќи се работи за хај-тек автомобили, Nissan ги вклучи сите нови технологии кои ги нуди, во новиот Leaf. Една од најважните технологии е новиот ProPILOT систем кој овозможува автоматско контролирање на дистанцата меѓу Leaf и автомобилот пред него, при брзини од 30 километри на час до 100 километри на час. Овој систем не само што ја контролира дистанцата, туку и ја одржува коловзната лента. Доколку е потребно, ProPILOT може целосно да го запре автомобилот.

Друг интересен новитет – кој ќе се нуди стандардно во Leaf – е новата e-Pedal педала за гас. Е-педалата му овозможува на возачот да забрзува, успорува и застанува само со педалата за гас. Според Nissan, ваквото возење може да се користи за повеќе од 90% од потребите на возачот.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.