Opel Insignia Grand Sport добива нов турбодизел со два турбополначи и 210 коњски сили! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Opel Insignia Grand Sport добива нов турбодизел со два турбополначи и 210 коњски сили!

Знаменосецот на Opel – големата Insignia Grand Sport – добива нов моќен турбодизел со два турбополначи кој испорачува 210 коњски сили и 480 Nm вртежен момент.

Новата Insignia Grand Sport, како и нејцините Country Tourer и Sports Tourer верзии ќе можат да се нарачаат со нов 2-литарски турбодизел! Новиот мотор ќе ја носи ознаката BiTurbо, бидејќи – погодувате – има два турбополначи. Благодарние на двата турбополначи, моторот испорачува одлични 210 коњски сили при 4000 вртежи во минута и моќни 480 Nm вртежен момент достапни од 1500 вртежи во минута.

Благодарение на двостепенското, секвенцијално турбо-полнење, според NEDC Insignia Grand Sport опремена со овој мотор ќе троши 8.7 литри дизел гориво во град, односно 5.7 литри на отворен пат. Комбинираната емисија на CO2 изнесува 183 грама на изминат километар.

Ниту перформансите не се за занемарување – опремена со новиот мотор, Insignia Grand Sport ќе може да забрза до 100 километри на час за 7.9 секунди, и да постигне максимални 233 километри на час. Истовремено, Opel ќе почне да нуди нов 1.6-литарски BiTurbo дизел во новата Astra, кој ќе испорачува 160 коњски сили и 350 Nm вртежен момент.

Ние веќе ја возевме новата Insignia Grand Sport, опремена со 2-литарски CDTi турбодизел кој испорачува 170 коњски сили.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.