full screen background image
Search

Новиот хардкор Leon Cupra R е најмоќниот SEAT на сите времиња!

Со 310 коњски сили извлечени од 2-литарскиот турбо-бензинец, новиот Leon Cupra R е најмоќниот автомобил во историјата на шпанскиот бренд!


SEAT конечно го претстави новиот Leon Cupra R, само неколку дена пред неговата официјална премиера на Франкфуртското Мотор Шоу.

Луѓето од SEAT се директни, и кажуваат дека новиот LCR е најмоќниот уличен автомобил во историјата на брендот. Автомобилот има 310 коњски сили доколку го одберете со мануелен менувач, и секако – силата се пренесува кон предните тркала.

Leon Cupra R добива и неколку додатоци – како што се изменетата геометрија на предната оска, адаптивна суспензија, Brembo сопирачки и нов издувен систем. Дополнително, ќе го препознаете по карбонските детали на предниот и задниот спојлер, страничните прагови и задниот дифузер, но и бронзени странични ретровизори и специјални алуминиумски фелни. Купувачите ќе можат да изберат меѓу три бои – Midnight Black, Pyrenees Grey и Matte Grey. Бодикитот вклучува и проширувања на предните и задните крила – најверојатно за да можат да бидат вградени пошироки тркала по поекстремни пневматици.

Ќе бидат произведени само 799 примероци од најмоќниот Leon, а цените ќе бидат дополнително објавени.

 

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.