full screen background image
Search

Новиот Mercedes-Benz Concept EQ A на Славче Таневски ќе биде претставен во Франкфурт!

Mercedes-Benz ја објави првата фотографија од новиот EQ A концепт – кој ќе биде дел од новиот EQ бренд на електрични возила, и е дело на македонскиот дизајнер Славче Таневски!

Концептот ќе дебитира на Франкфуртското Мотор Шоу, и е своевидна најава за еден од моделите на EQ дивизијата на Mercedes-Benz која ќе содржи само електрични возила.

Сега за сега не можеме да препознаеме многу, но можеме да препознаеме несекојдневен дизај на предните светлосни групи и осветлено Mercedes-Benz лого. Според некои гласини, концептот ќе биде хечбек со пет седишта, и ќе биде поставен врз MEA платформата на брендот која е наменета за електрични возила. Дизајнот на концептот е дело на македонскиот дизајнер Славче Таневски – кој ние веќе добро го знаеме, и кој стои и за Mercedes-Benz GLC Coupe.

Mercedes-Benz веќе потврди дека помалите EQ модели (меѓу кои ќе биде и EQ A) ќе се произведуваат во Rastatt, Германија – и се очекува дека првите автомобили ќе пристигнат веќе во 2019.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.