full screen background image
Search

Бензините поскапуваат, дизелот останува со иста цена

Регулаторна објави дека од вечерва на полноќ ќе се зголемат цените на бензините, додека дизелот ќе продолжи да се продава по истата цена како и досега.


Согласно методологијата за пресметка на цените, од вечерва на полноќ малопродажните цени се зголемуваат во просек за 0.61%.

Преведено во цени, тоа значи дека цената на ЕУРОСУПЕР-95 ќе се зголеми за 1 денар, и еден литар од ова гориво ќе чини 63.50 денари. Цената на ЕУРОСУПЕР-98 ќе се зголеми за 0.5 денари, и еден литар 98-октанско гориво ќе чини 64.50 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото останува непроменета и еден литар дизел гориво ќе продолжи да чини 48 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.