full screen background image
Search

Ford и Domino’s тестираат автономна испорака на пици

Ford и Domino’s работат на заеднички проект – тестираат само-возечки автомобили кои во Мичиген ќе ги испорачуваат пиците до крајните купувачи!


Во следните неколку седмици, случајно-избрани купувачи на Domino’s од Ann Arbor во Мичиген ќе можат да изберат пицата да им биде испорачана со Ford Fusion Hybrid (односно, она што ние во Европа го познаваме како Ford Mondeo) – но тука има уште еден специјален додаток – возилото самото ќе се вози.

Во ред, во секое возило ќе има по еден Safety Engineer од Ford, како и други истражувачи – кои ќе имаат цел да го забележат и истражат целосното корисничко искуство. Според Sherif Marakby, одговорниот за Автономни Возила и Електрификација во Ford, ова е сосем логичен чекор. Тој во интерјву за Verge изјави дека проектот е етнографско истражување и објасни „Ние не сакаме да чекаме сè да биде завршено и целосно да го изземеме возачот. Ние го започнуваме истражувањето. Сè уште работиме на технологиите, бидејќи тие не се подготвени да бидат пуштени на улиците – но ќе го набљудуваме возилото како се однесува во автономен режим.“

Оние кои ќе одлучат да учествуваат во експериментот ќе користат Domino’s апликација на нивните мобилни телефони. Таму ќе добијат уникатен код кој може да се искористи да се отвори Heatwave Compartment одделот поставен во задниот дел на автомобилот – кој е задолжен да ги држи пиците топли. Купувачите и возилото ќе комуницираат преку екрани и звучници поставени на надворешноста на автомобилот, и купувачот не би требало да има никаква директна интеракција со патниците во возилото.

Поврзано:   За прв пат, електричните и електрифицираните возила во Европа се продадоа повеќе од дизелите

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.