full screen background image
Search

Официјално: Mercedes-AMG Project One доаѓа во Франкфурт!

Хипер-автомобилот на Mercedes-Benz ќе ја види светлината на денот за само неколку седмици на Франкфуртското ауто-шоу!

Со објавата која пристигна од Mercedes-AMG, дојде и една затемнета фотографија од хипер-автомобилот кој го носи името Project One. На фотографијата не можеме да видиме ништо – освен широките крила, отворот за воздух поставен на кровот и агресивните LED предни светла.

Според она што го знаеме, мега-проектот на AMG-дивизијата ќе користи F1 технологии, како и хибриден погон. Вкупната моќност е повеќе од 1000 коњски сили, а таа се добива од комбинација од 1.6-литарски турбо-бензинец (кој се користи во F1 возилото на Mercedes-Benz) и четири електромотори кои ги придвижуваат предните тркала, турбо-полначот и коленестото вратило.

Сето ова ќе му овозможи на вонземскиот автомобил да постигне повеќе од 350 километри на час, а моторот „ќе се врти“ до преку 11.000 вртежи во минута.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.