Volvo го најавува новиот XC40 и ја потенцира неговата безбедност – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Volvo го најавува новиот XC40 и ја потенцира неговата безбедност

Шведскиот производител ја проширува својата гама на SUV модели – наскоро ќе го претстави новиот XC40.

Најмалиот кросовер на Volvo – новиот XC40 – ќе ги има сите безбедносни системи кои ги имаат поголемите XC60 и XC90. XC40 ќе биде првиот модел поставен на новата CMA платформа на брендот – и благодарение на тоа ќе може да ги има сите системи кои Volvo ги нуди – од 360-степенска камера, па сè до полу-автономното возење кое шведскиот прозводител го нарекувa Pilot Assist.

Новиот XC40 е развиен токму за возење низ град и ќе ги има сите безбедносни системи кои се потребни за возење во урбана средина – Cross Traffic Alert со автоматско сопирање, и многу други. Погледнете го видеото и дознајте повеќе!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.