full screen background image
Search

Новото KIA Rio пристигна и кај нас!

Пред само неколку моменти се одржа македонската премиера на најновото KIA Rio!

Новото Rio пристигнува во време кога конкуренцијата во класата се засилува а популарноста на овој сегмент се очекува да порасне. Меѓу своите адути, новото Rio ги истакнува зголемените димензии, новиот, посериозен и подинамичен дизајн, просторната понуда и практичноста – новото Rio нуди багажен простор со зафатнина од 320 литри – капацитет кој до неодамна беше резервиран за класа-поголемите возила.

Rio ќе се нуди со шест мотори, и тоа четири бензинци и два турбодизел мотори. Основниот бензинец е 1.25-литарски атмосферец со 84 коњски сили, чекор над него е 1.4-литарскиот бензинец со 100 коњски сили, но нам најинтересна изведба ни е новиот 1-литарски T-GDI турбо-бензинец кој исто така нуди 100 коњски сили, но ветува многу повеќе динамичност и подобра економичност. Доколку сакате турбодизел, тука е 1.4-литарскиот CRDi кој се нуди со 78, односно 90 коњски сили.

Понудата во Македонија започнува со 1.25-литарскиот атмосферец со 84 коњски сили и Experience ниво на опрема кој чини 11.890 евра. Чекор погоре е 1.4-литарскиот бензинец кој чини од 12.590 евра, а врвниот 1-литарски турбо-бензинец чини од 12.990 евра. Дизелот чини од 14.490 евра за верзијата со 90 коњски сили во Experience ниво на опрема.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.