Кралот е мртов, да живее кралот – претставен новиот супер-луксузен Rolls-Royce Phantom! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Кралот е мртов, да живее кралот – претставен новиот супер-луксузен Rolls-Royce Phantom!

Новиот Phantom веднаш ќе го препознаете како Rolls-Royce, но со себе тој носи многу новитет кои сега го прават уште полуксузен и поексклузивен!

Дизајнот е еволуција на оној кај сега веќе пензионираниот Phantom, но нема детал кој не е изменет, затегнат и освежен. Маската на ладилникот сега е повисока, а неизбежниот Spirit of Ecstasy сега е половина инч повисок. Маската на ладилникот е интегрирана во остатокот од каросеријата и од двете страни доминираат ласерските светла кои имаат интегрирани дневни светла. Според Rolls-Royce, предните светлосни групи во Phantom се најнапредните во светот и осветлуваат повеќе од 600 метри пред автомобилот.

Phantom го има најголемото едноделно парче изработено од полиран нерѓосувачки челик кај било кој автомобил, кое е поставено околу прозорците и Ц-столбот. Задниот дел сега има позаострен агол на задното стакло, автомобилот е поставен на 22-инчни тркала (кои изгледаат минијатурни и зборуваат за големината на новиот Phantom) а задните светлосни групи се дизајнирани да изгледаат како да се од скапоцени камења.

Во кабината – луксузот е подигнат на целосно ново ниво. Новите предни седишта сега имаат заден дел изработен од дрво, кој пак ги крие малите масички и задниот систем за инфо-забава. Задните седишта можат да бидат изработени во неколку конфигурации – таканаречени Lounge седишта, индивидуални седишта со мал централен наслон, индивидуални седишта со фиксирана конзола, и новото „спиечко“ седиште. Пред возачот се поставени два 12.3-инчни дисплеи, аналоген часовник и километри и километри рачно-обработено дрво.

Инженерите од Rolls-Royce се горди и на рафинираноста. Додадени се повеќе од 130 килограми звучна изолација, многу делови се изработени од излеан алуминиум, а околу целиот автомобил има „двослојна глазура со дебелина од 6 милиметри“. Новиот Phantom добива и нови Silent Seal гуми кои имаат слој од пена во нив, со цел да ја намалат бучавоста од гумите за дури 9 децибели. Од Rolls-Royce кажуваат дека автомобилот е толку тивок, што инженерите морале да ги проверат своите инструменти за мерење за да бидат сигурни дека се правилно калибрирани.

Поврзано:   Arcadia Droptail е новиот роудстер на Rolls-Royce

Новиот Phantom е придвижуван од целосно нов 6.75-литарски твин-турбо V12 бензинец кој испорачува 563 коњски сили и 900 Nm вртежен момент. Автомобилот користи сателитска технологија за да биде сигурен дека 8-брзинскиот менувач е секогаш во правилниот степен на пренос.

Крал на луксузот, навистина!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.