Сите возила на Volvo од 2019 ќе бидат електрифицирани! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Сите возила на Volvo од 2019 ќе бидат електрифицирани!

Шведскиот производител сака да се наметне како лидер на електрификацијата во автомобилската индустрија и објави дека секое ново возило кое ќе го лансира од 2019 ќе има некаков електричен мотор.

Во објавената изјава, Volvo објави дека меѓу 2019 и 2021 ќе лансира пет целосно-електрични автомобили, од кои два ќе бидат од Polestar одделот. Овие автомобили понатаму ќе бидат „дополнети“ со бензински и дизел плаг-ин хибриди со 48-волтна технологија.

Still from animation – Mild hybrid, 48 volts

Од Volvo кажуваат дека овој потег го означува моментот кога ќе започнат да се тргаат моторите со внатрешно согорување од нивните возила во насока на прифаќање на драстичните измени на пазарот. Според претседателот на Volvo – Håkan Samuelsson – оваа одлука е директен резултат на побарувачката на купувачите.

The new Volvo XC60 – T8 powertrain

„Ова е за купувачите. Луѓето сè повеќе и повеќе бараат електрифицирани возила и ние сакаме да одговориме на сегашните и идните барања на нашите купувачи. Можете и ќе можете да изберете меѓу било кое сакате електрифицирано Volvo. Оваа објава го означува крајот на автомобилите кои се придвижувани исклучиво од мотор на внатрешно согорување. Volvo Cars веќе објави дека планира да продаде 1 милион електрифицирани возила до 2025-тата година. Кога го кажавме тоа, го мислевме, и ова е начинот на кој ќе го направиме тоа.“ – додаде тој.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.